За овој пеколно топол четврток ја одбравме зелената убавица на bake_someonehappy_. Оваа зелена пица е вистинска магија, особено за оние кои секогаш се расположени да експериментираат и пробуваат здрави и нескојдневни вкусови. Рецептот погледнете го подолу.

Зелена Пица
Состојки
Тесто
- 100гр овесни снегулки (изблендирајте ги да добиете брашно)
- 100гр младо сирење/урда
- 2 јајца + 2 белки
- 1 лажица ленено семе
- 1/2 прашок за пециво
- спанаќ (обарете го кратко и потоа со миксер направете пире)
Фил
- песто сос
- моцарела и козјо сирење
- пршут
- маслинки
- ореви
Инструкции
- Состојките за тесто ставете ги во блeндер/мултипрактик.Добиената смеса/тесто печете ја 5 минути на 200 °С.Запеченото тесто премачкајте го со песто сос, а потоа редете моцарела, пршут, ореви и маслинки.Печете на 200°С 15-20 минути