Било какво смуди е идеален начин да го започнете вашиот ден, а ова зелено детокс смуди дефинитивно ќе ве воодушеви. Целта на сите детокс напитоци е прочистување на организмот од многуте токсини, без разлика дали вашиот избор е детокс смуди или детокс вода.
Верувајте ни дека нема ништо поосвежувачко од ладна детокс вода со овошје, или вкусно детокс смуди за ден полн со енергија. Ова зелено детокс смуди кое ни го испрати go_eatgreen, дефинитвно ќе стане вашето ново омилено решение за појадок, кое значително ќе ви го забрза метаболизмот. Пробајте го и споделете го вашете искуство со нас. Погледнете што се ви е потребно за ова зелено детокс смуди:
Состојки:
– 2 чаши свеж спанаќ
– 1 банана
– 1 круша
– 1 јаболко
– 3 чаши вода
Подготовка:
Најпрвин измијте го спанаќот и оставете го неколку минути да се исцеди. Измијте ги јаболкото и крушата и исечете ги на парчиња, заедно со бананата. Откако сите состојки ќе бидат измиени и исецкани, ставете ги во блендер и додадете ја водата и блендирајте 1-2 минути во зависност од блендерот, додека не добиете кремаста смеса. Јадете здраво и Go Green!