Ако станувањето рано наутро ви претставува проблем и сакате да останете во кревет што е можно подолго, тогаш сигурни сме дека ќе го обожавате овој чиа пудинг со малини. Изблендирајте ги сите состојки од претходната вечер пред спиење и верувајте ни дека едвај ќе чекате да се разбудите за да го вкусите овој здрав оброк. Истиот можете да го подгответе и преку ден, како замена за некој висококалоричен десерт.

Чиа Пудинг со Малини
Состојки
- 200ml млеко од кокос или бадем
- 1 мала лажичка путер од кикирики
- 3 лажички чиа семе
- 3 лажички овес
- Половина банана
- 1 мала лажичка кокос
- 1 мала лажичка мед (по желба)
- Малини
Инструкции
- Испасирајте ја бананата и помешајте ги сите состојки заедно, освен малините. Оставете го настрана околу 20 минути за чиата да набабри убаво и да се згусне пудингот. Откако ќе биде готово ставете ги малините и украсете со малку кокос, овес и 3-4 кругчиња банана.Добар апетит!
Уште еден превкусен рецепт препорачан од нашите драги @yummyin.mytumyy кој дефинитивно треба да го подгответе уште вечерва, за да утрешниот ден ви започне со вистинско слатко задоволство.
Ако ви сте допадна овој чиа пудинг, споделете го вашето искуство со нас и не заборавајте да го заследете нашиот инста профил https://www.instagram.com/gurmanmk/