Домашен Интегрален Леб

656

Одвојте малку од вашето време и подгответе го овој превкусен домашен интегрален леб по рецептот на @_cooking.k. Погледнете што сѐ ви е потребно за негова подготовка:

Домашен Интегрален Леб

Подготовка 30 мин
Готвење 1 саат 30 мин
Вкупно Време 2 hrs

Состојки

  • 2 чаши ржано интегрално брашно 
  • 2 чаши пченично интегрално брашно
  • 100гр мелено ленено семе 
  • 3 чаши газирана вода
  • 1  лажиче сол
  • Пола лимон
  • 1 пециво
  • По желба може да додадете семки по ваш вкус

Инструкции

  • *(чашата 200мл нека ви биде мерка за сите состојки) 
    Се мешаат сувите состојки па се додава газираната вода. Се меша со дрвена лажица. 
    Откако смесата ќе се соедини се остава да ферментира на собна температура минимум 6-12часа. Колку е подолг процесот на ферментација толку лебот ќе биде помек и повоздушест. Пред печење се става пецивото и сок од половина цеден лимон и повторно се меша со лажица. Се пече во калап обложен со хартија за печење. Смесата се измазнува со лажица натопена во вода а врз неа се посипуваат семиња по желба. Се пече 1 час и 30тина минути. Првите 50мин на 220 степени остатокот од времето намалете на 180 степени. Во зависност од рерната доколку горниот дел брзо поцрвени добро е лебот да се пече покриен со алуминиумска фолија за да не дојде до горење на кората. Пред да биде готов се прави проверка со дрвена чечкалица да не лепи во внатрешноста. Самото интегрално брашно не дозволува целосна сувост на лебот, но вкусот е неверојатен.
  • Кога лебот е готов се вади од калап, се отстранува хартијата и се витка во крпа поставена на решетка ( да не поти долниот дел). Се остава завиткан да стои 10тина часа за целосно да се олади. Може да се чува без да смене на вкус 5-6 дена, но друга опција е да се исече на кришки и истиот да се замрзне во кеси. Воопшто не го менува вкусот.  
    Смесата е за еден леб. Јас направив два одеднаш со дупла мера.  
    Тазе испечениот леб го искористив за вкусен сендвич од две кришки премачкани со домашно приготвен хумус, тркалца домат, малку рукола, пилешки гради и малку фета сирење. А следното утро слична комбинација на брускети за кои искориств намаз од зрело авокадо, тркалца домат и краставица, свежа марула, неколку маслинки и 3 јајца од кои 2 кајгана и едно испржено на око. Прекрасни здрави комбинации кои ќе ве држат сити 4-5 часа.
    Добар апетит.
Оброк: печиво
Keyword: интегрален леб, печиво

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close